Македонија во полна сила против Словенија, Симовски објави широк список

Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе почне да се подготвува за баражот за пласман на Светското првенство во декември, против Словенија. Во тој интерес, селекторот Симе Симовски објави широк список на ракометарки со кои ќе го војува овој двомеч.

Симовски овој пат се реши да им даде шанса на неколку ракометари од младинските категории, но и да врати две репрезентативки кои беа отсутни.

Средниот бек Теодора Керамичиева повторно е во комбинација, откако долго се мачеше со повреди, а повторно за позиција меѓу стативите ќе конкурира Наташа Антиќ, по добрите партии во шведската Скара.

Овој список од 27 ракометари, Симовски дополнително ќе го скратува до натпреварите закажани за 2 јуни во Скопје и за 6 јуни во Цеље. Светското првенство ќе се одржи од 30 ноември до 15 декември во Јапонија.