Македонија вечерва дома оди по потврда на уште еден Мундијал!

Maкедонската ракометна репрезентација вечерва од 19:00 часот во Скопје против Словачка игра за потврда на уште еден Мундијал откако во Прешов ги надигравме Словаците и славевме победа со 31-24.

Избраниците на Лазаров издоминираа на гостински терен каде што во текот на целиот натпревар имаа контрола над резултатот, па со оглед на квалитетот денеска не би требало да има некаков пресврт и предноста од седум гола изгледа како огромна разлика.

Пласманот на Мундијалот за нас би бил осми во низа на едно Светско првенство и вкупно десетти, па така би ја продолжиле серијата на настапи на големи натпреварувања.

Исто така денеска пред дуелот во „Борис Трајковски“ најавен е и настан со забава за навивачите по повод „Денот на ракометот“ кој ќе почне во 14:00 часот, пет часа пред стартот на дуелот.