Чкембари долеваат масло на огнот: Не сакаме да живееме во иста држава со скопјаните! (ФОТО)

По бурните реакции во последните денови, поради некултурното славје на вардаровите фудбалери по освојување на Фудбалската титула, денеска се огласи и навивачката група Чкембари, со екстремен став, порачувајќи дека не сакаат да живеат во иста држава со скопјани.

Реакцијата навивачите на битолскиот клуб ја објавија на социјалните мрежи.

,,Чичко Ѓорги, многу пати ти имам кажано не сакаме повеќе да живееме со нив во иста држава, ние сме БИТОЛЧАНИ, кај нас кога гледале филм на кино и слушале клавир во живо кај нив во Скопје се слушале само кавалите на овчарите од скопска Црна Гора, затоа ти велам, "ДА ЖИВЕЕ НЕЗАВИСНА БИТОЛА." - А.С.КЕНАН

ДА ГО Е*АМ ЦЕЛО СКОПЈЕ И ВАШАТА ДРЖАВА!“, стои во нивната објава.

Ваквата реакција сигурно само ќе додаде „масло на огнот“ по последните случувања.