Комедија во Молдавија: Ваков гол досега сигурно сте виделе (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Реал Сирети и Огузспор од втората лига во Молдавија се најде во центарот на вниманието поради комичниот гол кој го постигнаа гостите.

Домашната екипа победа со резултат 5-2 меѓутоа вториот погодок на екипата на Огузспор дојде по ситуација каква што сигурно досега не сте виделе на фудбалските терени.

Никита Чедирен шутираше кон голот и тоа многу непрецизно топката одеше далеку од голот, но го погоди противничкиот фудбалер кој лежеше и се жалеше на повреда, а од него топката заврши во мрежата бидејќи голманот веќе тргна кон соиграчот.