Мурињо ги шокира сите: Останувам во Бенфика - 99%!
Тој уште еднаш посочи дека не ја разгледал понудата од Реал, а во моментов, како што рече, е поблиску до останување во сегашниот клуб.
„Во моментов сум 99% сигурен дека ќе останам во Бенфика бидејќи имам договор и понуда што сè уште не сум ја разгледал, но мојот агент ми рече дека е многу добра. Досега од Реал Мадрид немам ништо, но, повторувам, никој од нас не е наивен, единственото нешто што се случува во моментов се разговорите меѓу Жорге Мендеш и менаџментот на клубот.
Тешко е да се одбие понуда од Реал, но се зависи од понудата, од тоа што сакаат од мене. Не станува збор за едно евро повеќе или помалку, туку за тоа што сакаат од мене, дали сум во можност да го исполнам она што го бараат, работниот профил што ми го нудат.
Сакам да одвојам време да анализирам, да размислам и да одлучам сам. Бенфика е Бенфика и она што го чувствувам за Бенфика повеќе не можам да го кријам. Го криев цела кариера, но сега не можам.Бенфика е подготвена повторно да атакува на трофеи“, рече Мурињо.
И покрај тоа што немаше ниту еден пораз, Бенфика ја заврши сезоната на третото место, што значи дека ќе мора да игра во Лигата Европа, а тоа за Мурињо би значело дека нема да биде дел од елитното европско натпреварување.