Македонија отвора со Украина, во решавачката рунда противник ни е Австрија!

Македонската репрезентација на ракометното Европско првенство во 2020 година беше извлечена во групата Б. Нашите ракометари ќе играат во главниот град на Австрија, Виена каде што освен со домаќинот ќе се соочат и со Чешка и Украина.

Првиот натпревар го играме на 10 јануари со почеток од 20:30 часот, а противник ќе ни биде Украина. Вториот натпревар на програмата е два дена подоцна, а тогаш од 18:15 часот ќе се сретнеме со Чешка, додека решавачкиот натпревар против домаќинот Австрија го играме на 14 јануари во 20:30 часот.

Во случај да освоиме едно од првите две места, остануваме во Виена во новоформираната полуфинална група заедно со по две екипи од групите А и Ц, каде што главни фаворити се Хрватите, Шпанците и Германците.