Македонија без проблеми го совлада Сесвете

Ракометарите на Македонија беа подобри од хрватскиот суперлигаш Сесвете со 42-28 во пријателски меч во рамки на подготовките за Светското првенство (СП).

Македонија уште во првото полувреме беше доминантна на теренот и водеше со 18-12, по што во вториот дел рутински стигна до победата.

Последниот тест за ракометарите пред СП е закажан за 12 јануари против Зеленортските острови.

Македонската репрезентација на СП ќе игра во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја.