Лоша вечер за македонските ракометари во Бундеслигата

Македонските репрезентативци имаа лоши партии за своите тимови во Бундеслигата, откако Мартин Томовски и Филип Талески претрпеа пораз, а Филип Кузмановски испишти победа иако неговиот Магдебург имаше позитива од шест гола.

Македонскиот репрезентативен бек, Филип Кузмановски, е единствениот кој можеше да се израдува на позитивен иход од натпреварите кои се одиграа вечерва. Неговиот Магдебург испуштија победа против Хановер на домашен терен, откако на крајот ремизираа со 30-30.

За разлика од него, Томовски и неговиот Лудвигсхафен по двата триумфи во низа претрпеа пораз од Фуксе Берлин со 19-27. На оваа средба Томовски влезе во игра имаше две одбрани.

И Талески доби минутажа, но Балинген не успеа да дојде до два бода, беше совладан од Лемго со 29-31 пред своите фанови. Ова беше втор пораз во низа за тимот на македонскиот репрезентативец, кој запиша два гола од четири обиди.