Лазаров го повика Кузманоски како замена за повредениот Атанасијевиќ

Македонската ракометна репрезентација на 12 март ќе се соочи против Словенија во квалификациите за Европското првенство (ЕП), а селекторот Кире Лазаров направи една промена.

Лазаров го повика Цветан Кузманоски во тимот, кој ќе го замени повредениот Петар Атанасијевиќ на мечот против Словенците.

Првиот меч се игра во Скопје на 12 март од 20 часот, додека реваншот е закажан за 16 март во Словенија.

Македонија во групата 1 досега одигра два меча и има еден триумф против Естонија и еден пораз од Литванија.