
Уапсен поранешен кошаркар на Партизан – ги тероризирал соседите и децата!
Тој, според италијанските медиуми, предизвикал вознемиреност меѓу соседите, а неговото агресивно однесување довело до полициска интервенција. Инцидентот се случил во миланскиот кварт Фарини, каде што Семјуелс, под дејство на алкохол, слушал гласна музика во дворот на зградата. Вознемирените соседи повикале полиција откако забележале дека тој го пуштил своето големо куче (корзикански мастиф) да се движи слободно низ дворот, што дополнително ги исплашило жителите. Кога пристигнала полицијата и побарала документи, Семјуелс одбил соработка и почнал да вика на службениците.
„Јас сум шампион, не сум криминалец“, викал поранешниот кошаркар на Партизан по што се затворил во својот стан, што предизвикало дополнителна паника, особено кај децата кои почнале да плачат од страв. Набргу, и други жители на зградата поднеле дополнителни пријави против него.
Семјуелс, кој има 35 години, зад себе има богата кошаркарска кариера настапувајќи во НБА-лигата за Кливленд Кавалиерс, а во Европа играл за екипи како Хапоел Ерусалим, Олимпија Милано, Барселона, Ѓангсу, Бриндизи, Партизан, Лимож и Тротамундос де Карабобо. Тој веќе имал проблеми со законот во минатото, а за време на апсењето бил агресивен и покажал непочитувачки став кон полицијата, тврдејќи дека може да прави што сака и дека не мора да ги почитува правилата.