Нова трагедија: Млад фудбалер почина утрово по срцев удар на тренинг!

Фудбалскиот свет го погоди нова трагедија, 22-годишниот Ванис Хонсор починал утрово откако доживеал срцев удар и починал за време на тренингот на својот клуб Сент Дени.

Несреќниот настан се случил додека Хонсор со соиграчите се подготвувал за саботниот натпревар. На младиот фудбалер ненадејно му се слошило, по што медицинскиот тим веднаш реагирал и се обидел да го спаси неговиот живот. Интервенцијата траела 45 минути, но за жал безуспешно.

Клубот, кој настапува во најсилната лига на островот Реинион, соопшти дека е во шок по загубата на својот играч.

„Во овие болни моменти, нашите мисли се со неговото семејство, најблиските и пријателите. Сент Дени изразува искрено сочувство и им ја дава целосната поддршка во овој тежок период. Почивај во мир, Ванис. Засекогаш ќе останеш во нашите мисли и срца“, објави клубот.

Хонсор е роден на 19 ноември 2003 година во Авр, Франција, а за само осум дена требало да го прослави својот 23. роденден.