Апсурд: Шестиот тенисер во светот повеќе загубил поени отколку што освоил!
Неговите резултати на турнирите јасно покажуваат зошто има толку успешна сезона. Коболи играше финалиња на Ролан Гарос и во Минхен, го освои турнирот во Акапулко, стигна до полуфиналињата во Синсинати, Лион и Делреј Бич, како и до четвртфиналето на Вимблдон. Досега има освоено вкупно 3.680 АТП-поени.
Сепак, еден статистички податок звучи речиси неверојатно, Коболи освоил само 49,5 проценти од поените што ги одиграл во текот на сезоната.
Така, 24-годишниот Италијанец од Фиренца ќе стане првиот тенисер во историјата кој со негативен биланс на освоени поени ќе ја заврши годината меѓу десетте најдобри во светот.
Најблиску до вакво достигнување бил Французинот Седрик Пјолин во 1999 година, кога со освоени 49,8 проценти од поените ја завршил сезоната на 12. место.
Фото: Davis Cup/X