Мота по дебаклот од Аталанта: Сега барем нема да зборуваат дека се бориме за Скудето!

Јувентус вчера беше понижен од Аталанта и тоа на свој терен, тимот на Мота загуби со 4-0, а тренерот не изгледаше многу загрижено по мечот.

По елиминацијата од Купот на Италија од Емполи и вчерашниот пораз од Аталанта, притисокот врз Мота се зголемува.

„Тажни сме поради поразот, разочарани сме, но во исто време муабетот дека сме во трка за Скудето нема веќе да биде присутен“, вели Мота.

„Нека треба мислите да ги насочиме кон следниот меч, кон Фиорентина и одиме понатаму“.

„Ова беше пораз кој не ни се допадна, но не беше ист како тој од Емполи. Тоа се различни ситуации. Овојпат нашиот тим почна добро, но мечот се смени по пеналот“.

„Ние сме млад тим, ни недостасува искуство“.