Кузмановски имаше „чиста петка“ во триумфот на Хановер!

Македонскиот ракометен репрезентативец, Филип Кузмановски, покажа дека е во одлична форма во пресрет на Европското првенство (ЕП) во јануари, откако беше еден од најзаслужните за денешната победа на неговиот Хановер на гости кај Лемго (33-31) во меч од германската Бундеслига.

Левиот бек на националниот тим средбата ја заврши со пет постигнати голови од осум обиди, а имаше и една асистенција. Најдобар кај Хановер беше Иван Мартиновиќ со десет гола, додека кај Лемго, Бјарки Елисон реализира 12 гола.

Екипата на Вецлар, во која го немаше Филип Миркуловски поради повреда, загуби на гостински терен кај Флензбург (27-25). Фуксе Берлин на домашен терен го надигра Бергишер (32-17) и тоа на крилјата на голманот Дејан Милосављев, кој собра 17 одбрани за 45 минути. Кил дома го доби Лајпциг (32-28), додека Магдебург го освои Минден (26-31).