Костески и Серафимов ја предводат листата со стрелци по групната фаза на Мундијалот

Македонската ракометна репрезентација до 19 години се пласираше на четврто место во групната фаза на Светското првенсто, па во осминафиналето ќе се соочи против Португалија, а по групната фаза може да се пофали дека ги има најдобрите стрелци.

Ненад Костески и Мартин Серафимов ја предводат листата со стрелеци по завршување на групната фаза. Костески е првопласиран со 40 погодоци, додека Серафимов постигна 37 гола.

Веднаш по нив е Фарук Јусуф од нигериската репрезентација, кој има постигнато 36 гола по пет одиграни натпревари.