Конечно позната повредата на Кире Лазаров

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на задната ложа.

Резултатите од магнетната резонанца покажале дека десниот бек има делумно скинат мускул на задната ложа на десната нога и ќе биде надвор од тренажен процес речиси еден месец. Тој комплетно треба да мирува во следниот период, а рехабилитацијата ќе ја почне во неговиот клуб Нант.

Лазаров се повреда во 11-тата минута на натпреварот против Шпанија во рамки на првото коло од Групата 2 во главната фаза на Европското првенство во Хрватска. Капитенот денеска нема да биде во составот на Македонија за дуелот со Данска.