Јагуриновски: Холанѓаните се силни, но ние испуштивме можност за добар резултат
И покрај тоа што Холанѓаните беа во водство речиси цел меч, нашите ракометари до крајот беа во игра за триумф, можеби за бод како во првото коло. Томислав Јагуриновски смета дека можевме повеќе на овој натпревар, но затоа е сигурен дека во последното коло нема да ни избега побеадата.
„Натпреварот беше тежок за играње, квалитетен, секако противникот е многу силен со исклучителни играчи. Тие на крајот излегоа подобри и покрај тоа што имавме шанси да извлечеме добар резултат. Против Гвинеја ќе играме како денеска, со сите сили бидејќи мораме да го добиеме тој натпревар“, рече ракометарот на Вардар.