Херојско реми на македонските лавици против Турција!

Македонската женска ракометарна репрезентација одигра нерешено против Турција (25-25) во второто коло од Европското првенство (ЕП).

Турција уште на стартот го презема водството (4-2) и како минуваше времето така го зголемуиваше до плус пет (11-6), меѓутоа Македонија покажа знаци на живот во финишот и намали на само три гола негатива (12-15) пред паузата.

Македонија имаше проблеми да го скрши отпорот на Турчинките во првиот дел од второто полувреме (15-20), но потоа нашите репрезентативки влегоа во серија од 7-0 за да го свртат мечот во своја корист (22-20).

Турција го возврати ударот и поведе со 25-24 во последните две минути од средбата, но Македонија набрзо израмни и освои бод (25-25). Најдобра во редовите на Македонија беше Сара Ристовска со осум голови, додека Јована Мицевска запиша седум интервенции на голот.

Македонија и Турција имаат по еден бод по две одиграни кола, Шведска има два поени, а Унгарија е прва во групата А со четири бодови.