Ферстапен ќе тргне од пол-позиција на трката во Катар

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен ја освои пол-позицијата за трката за Големата награда на Катар, која е претпоследна на распоредот за годинава во Формула 1.

Холанѓанецот неодамна ја обезбеди четвртата титула по ред, а денеска продолжи со одличните настапи и од пол-позиција ќе ја брка 63. победа во кариерата.

Од втората позиција на трката ќе тргне Џорџ Расел од Мерцедес, додека третата стартна позиција ја обезбеди Ландо Норис од Мекларен.