Феникс го совлада Гостивар и стави крај на црната серија

Кошаркарите на Феникс триумфираа со 74-66 против Гостивар во осмото коло од македонската Прва Лига и така стави крај на црната серија од четири меча без триумф.

Голема борба се водеше во првото полувреме меѓу двете екипи, а резултатот на полувреме беше нерешен (35-35).

Гостивар заигра подобро во продолжение од средбата и со три поени предност влезе во последните 10 минути, каде што Феникс се разигра и ги искористи грешките на ривалот за да слави со 74-66.

Најефикасен во победата беше Андреј Митревски со 23 поени, пет скокови и четири асистенции кај Феникс.