ЕХФ: Сара Ристовска е мајстор за трик-удари! (ВИДЕО)

Македонија одигра нерешено против Турција (25-25) во второто коло од Европското првенство (ЕП), а посебно импресивна на теренот беше Сара Ристовска која постигна осум голови, па доби пофалби и од Европската куќа на ракометот (ЕХФ).

Ристовска продолжи со нејзините магични голови, па ЕХФ посочи дека таа е мајстор за трик-удари. Македонската репрезентативка тоа го докажа уште еднаш со нејзиниот погодок во 27. минута кога погоди за 10-13.

Нашата најдобра ракометарка по натпреварот со право беше прогласена за МВП бидејќи блесна со осум погодоци против Турција.