Ракометарите на македонскиот вицешампион Алкалоид вечерва по вторпат го совладаа Вест Виен со 32-29 и се пласираа во осминафиналето на ЕХФ Купот.

Избраниците на Кире Лазаров го преземаа водството на почетокот на мечот и во еден момент стигнаа до плус седум голови (15-8), по што Вест Виен намали на 12-16 на полувремето.

Вест Виен додаде гас на стартот на вториот дел и намали на два гола негатива (18-20), но потоа Алкалоид повторно ја зголеми разликата и на крајот триумфира со 32-29.

Најефикасни во редовите на Алкалоид беа Мартин Серафимов и Александар Петковски кои постигнаа по седум голови, додека Мелешниг погоди пет пати за Вест Виен.