Ботафого за првпат во историјата го освои Копа Либертадорес

Фудбалерите на Ботафого со херојска игра против Атлетико Минеиро славеше со 3-1 во финалето на Копа Либертадорес и го освои пехарот за првпат во клупската историја.

Проблемите за Ботафого почнаа во втората минута кога Грегоре доби црвен картон, по што Атлетико ја презема контролата, но набрзо прими два погодоци од Луиз Енрике и Телес.

Атлетико доминираше во текот на цело второ полувреме, а во 47. минута Едуардо Варгас намали на 1-2. Ботафого успешно се бранеше од налетите на ривалот, кој создаде дури 15 шанси, но не ги искористи, па казната стигна во 97. минута кога Жуниор Сантош погоди за 3-1.