
Грчевски е нов селектор на ракометарките, Аморим и Алтхаус помошнички!
Ракометната федерација на Македонија го потврди неговиот ангажман денеска, имајќи предвид дека наближува октомвриската ЕХФ-недела во женскиот ракомет, а во неа и почетокот на новиот квалификациски циклус за Европско првенство.
Грчевски летово беше селектор на кадетската репрезентација на Македонија. Во неговиот стручен штаб ќе бидат Едуарда Аморим Талеска, која беше во тимот и на Љубомир Савевски во последниот период од селекторувањето, како и Ања Алтхаус, поранешната ракометарка на Вардар, која работеше како асистент на Горан Кузманоски во РК Скопје.
Македонија е во група со Азербејџан, Литванија и со Шпанија во квалификациите за ЕП 2024, а првите два натпревара ги игра на 11 октомври, дома со Азербејџан и четири дена подоцна на гости кај Литванија.