Фалангата со пиво и песна ја чека „војната“ со Холандија (ФОТО)

Македонските навивачи се собираат во нашата фан зона во Вараждин, почна загревањето за натпреварот против Холандија кој стартува од 18 часот.

Македонската Фаланга ќе доминира и на денешниот натпревар против Холандија, се најавува и зголемување на бројот на наши навивачи на натпреварите. Ракометарите ќе се чувствуваат како да играат на домашен терен, а ќе им даде ветер во грб за дуелот со силниот противник.

Македонците веќе се собраа во Пештерата и со песна и пиво се подготвуваат да ја одиграат својата улога во салата во Вараждин.