Ѓоковиќ за пораката со која ја воодушеви Србија: Бев шокиран од снимката

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ денеска оствари победа на Австралија Опен откако во третото коло го победи Томаш Махач, но во центарот на вниманието посебно во неговата Србија се најде пораката која ја испрати по мечот.

По завршувањето на мечот и победата Ѓоковиќ на камерата на напиша: „За Соња“.

Пораката беше поддршка за повредената студентка на протестите во Белград кои се случуваат во изминатиот период.

„Тоа беше упатено за Соња која во овој момент е во болница. Испраќам голема поддршка и се надевам дека што побрзо ќе се опорави. Шокиран бев, како и сите кога ја видов дснимката. Не можам да поверувам дека такви работи се случуваат во денешно време. Не знам што помислува човекот кој ќе реши да прегази друг човек, уште млада жена студентка. Не знам што би додал, освен како и секогаш да повикам на мир и разбирање. Против сум било какво насилство, а изгледа дека го има се повеќе на улиците“, изјави Ѓоковиќ.

Наредниот меч Ѓоковиќ го игра в недела против Јури Лехечка.