Европа му се поклони и на Кире Лазаров - селекторот! (ФОТО)
„Сензација во Скопје, селекторот Лазаров даде четири гола“, „Киро е чудо...“, „Сензационално деби на ракометната легенда“, „Лазаров може сѐ“, „Македонскиот витез на дебито го урна светскиот првак“....
Вака изгледаат насловите во голем дел од регионалните и европски медиуми откако недопирливата Данска, двоен светски првак во низа и актуелен олимписки шампион, падна во Скопје и тоа на дебито на Лазаров како селектор, особено после ужасниот настап на македонската репрезентација само нецели два месеци на Мундијалот во Египет.