ЕХФ даде амин, Митревски смее да игра против Црна Гора!

Македонската репрезентација и официјално ќе биде засилена со Никола Митревски за вториот натпревар на Европското првенство, против Црна Гора.

Нашиот прв голман претпладнево се најде во прелиминарниот записник за натпреварот кој почнува вечерва во 18 часот. Тоа значи дека ги помина филтрите на ЕХФ, дефинитивно е ковид негативен и ќе помогне на голот.

Ова само ќе ги зголеми слатките главоболки за селекторот Кири Лазаров бидејќи Митревски е прв голман но Мартин Томовски прикажа импресивна партија против Словенија во четвртокот, прашање е кој ќе добие шанса од првата секунда.

Она што се забележува на записникот е и присуството на Стефан Чавор во селекцијата на Црна Гора. Десниот бек на Вецлар исто така имаше позитивен тест, но очигледно сега ќе сме да игра против Македонија.

За официјалните состави со 16 ракометари кои ќе настапат на мечот не се очекуваат промени кај Македонија. Кире Лазаров најави дека би требало да игра со истите кои ѝ се спротивставија на Словенија.