„Фараоните“ доминантни во Скопје: Египет е новиот владетел на Светското кадетско првенство

Репрезентацијата на Египет го освои златниот медал на Светското кадетско првенство што се играше во Скопје, откако во финалето ја победи Германија со 32-28.

Новиот шампион беше во резултатска позитива во текот на целиот меч и на крајот сосема заслужено дојде до победата.

Претходно, во натпреварот за третото место, Данска беше убедлива против селекцијата на Португалија со 35-27.

Петтото место го освои Унгарија победувајќи ја Франција со 31-20, додека седмопласирана заврши репрезентацијата на Шпанија која беше подобра од Исланд со 30-26.

Македонската репрезентација на ова првенство заврши на 13.место. Избраниците на Данило Брестовац ја минаа првата фаза, но беа елиминирани во осминафиналето од Португалија.