Двајца репрезентативци на Словенија позитивни на ковид-19!

Словенечката репрезентација во следните неколку дена нема да може да смета на услугите на Тилен Кодрин и Урх Кастелиц, кои имаа позитвни тестови по пристигнувањето во Египет.

Овие двајца репрезентативци пред тргнувањето за Египет беа во 10-дневна изолација и имаа негативен тест во Словенија, па сега ги очекуваат дополнителни тестирања во следните денови за да може да заиграат за репрезентацијата.

„Тие двајца се чувствуваат добро. Беа позитивни на ПЦР-тестот, па организаторите ги испратија на дополнителни прегледи во Каиро. Во Словенија беа во 10-дневна изолација, а потоа 48 часа без температура и други симптоми. Предвидовме дека може да се случи такво нешто и испративме порака до ИХФ и организаторите, но не добивме никаков одговор“, велат Словенците.

Словенија првиот натпревар на СП го игра денеска против Јужна Кореја од 18.00 часот.