„Хрватите имаа крв во очите, Мамиќ би добил 60 дена затвор во Данска!“
Во драматичната пресметка во Осло, Данска триумфираше над Хрватска (32-26) освојувајќи го четвртиот последователен светски златен медал. Иако Хрватите покажаа борбеност, клучниот момент што го одбележа натпреварот беше директниот црвен картон на Мамиќ во 21. минута, при резултат 8-7 за Данска. Шпанските судии го казнија хрватскиот дефанзивец за неспортски старт, оставајќи ја Хрватска без еден од најдобрите играчи во одбраната. Фаулот предизвика бурни реакции на теренот – данските ракометари го нападнаа Мамиќ, но неговите соиграчи брзо интервенираа за да спречат поголем инцидент.
По натпреварот, Кокборг ја шокираше јавноста со својата остра изјава.
„Желбата за крв беше видлива во очите на балканските играчи уште од првата секунда. Видовме обид за убиство на Симон Питлик. Тоа требаше да биде повеќе од исклучување“, напиша тој.
Изјавата на данскиот новинар предизвика реакции дури и во неговата земја, особено затоа што Данска и без оваа спорна одлука славеше убедливо и го продолжи своето владеење во светскиот ракомет.