Червар: Да не се повтори вакво СП, вистинскиот квалитет ќе се види во Токио!

Хрватска славеше против Ангола со 28-20 во својот втор натпревар на Светското првенство (СП) во Египет, но селекторот Лино Червар порача дека не е задоволен.

Червар кажа дека не треба да се слави, иако неговите ракометари обезбедија пласман во следната фаза на СП.

„Не треба да се слави, имаше добри моменти. Покажавме поголема желба за триумф, отколку минатиот пат. На ова првенство постојат два вида репрезентации, тие кои не беа во изолација и тие немаа доволно подготовки. Затоа имаме проблеми. Русите и Словенците летаат по теренот, зашто ги играа своите првенства. Да не се повтори ваков Мундијал. ИХФ направи голем потег со тоа што собра 32 репрезентации и испрати порака дека мора да одиме понатаму. Вистинскиот квалитет на селекциите ќе го видиме дури во Токио“, вели Червар.