
Клоп најде нов ангажман, ќе работи за подобар германски фудбал!
Имено, Клоп ќе биде дел експертска група која ќе има за цел да го подобри германскиот фудбал. Клоп на новата функција ќе работи со уште неколку познати имиња во германскиот фудбал како: Сами Кедира, Јохен Зауер и Маркус Кроше.
Нивната главна задача ќе биде да ја задржат конкурентноста на лигата, но и да го продолжат развојот на младите таленти.
„Убедени сме дека финансиските, правните и спортските рамки мора да бидат поставени така што Бундеслигата и германскиот фудбал ќе останат конкурентни. Експертската група ќе ни помогне да извлечеме правилни заклучоци и да предложиме конкретни чекори за напредок“, изјави извршниот директор на ДФЛ, Марк Ленц.
Како што информираат германските медиуми, овој ангажман на Клоп нема да влијае на неговата работа која ја ма во компанијата „Ред Бул“ каако глобален директор за фудбал.
Фото: Liverpool FC/X