Македонската женска јуниорска репрезентација обезбеди пласман во топ-16 фазата од Светското првенство што се одржува во Скопје.

До таму стигнаа по вечерашниот триумф против Ангола во мечот во кој нашите млади ракометарки блескаа во второто полувреме.

Заслужената победа ја прославија како што доликува, а веќе во главната фаза, против Црна Гора и Португалија ќе се обидат да дојдат до уште еден голем успех.