Брестовац: Слаба хемија во тимот, ментална блокада - нешто недостигаше!

По завршувањето на кадетското СП во Скопје, Данило Брестовац ја даде првата оцена за освоеното 13. место од неговите ракометари. Призна дека нешто ндостигало за да се достигне полниот потенцијал на оваа генерација 19-годишници.

По три победи и четири порази, Брестовац смета дека можеле повеќе. Сите победи се против неевропски селекции, впрочем таква беше и групата, која самиот ја одбра и, која, веројатно, ќе ја одбереа 19 од 20 селектори. Целта беше да се мине групата и успеавме во тоа, но го направивме неубедливо, покажувајќи јасно дека нешто недостига.

„Целта ни беше осминафиналето, желбата беше присутна кај сите за четвртфинале. Против европските репрезентации одигравме добро плус денеска против Аргентина. Од сите други натпревари не сум задоволен. Не го игравме тоа што сме се договарале. Не знам за каква блокада се работеше, кој беше проблемот, дали пристиок, дали стрес, дали домашен терен. Нас ни недостасуваше борбеноста. Можеби ми неодстигаше хемијата во тимот. Околу начинот на тренинг немам никаква забелешка. Им недостигаше креативност во нападот, која ја имаат на тренинг. Тие исто така посакуваа, не е дека немаа желба, но имаа некоја ментална блокада. Ако Младеновиќ играше на сите претходни натпревари, како денеска, ќе имавме многу повеќе победи. Таа десна страна ни беше коректна. Сепак ова 13 место сепак мислам дека е реален одраз за тоа каде се наогаме“, заокружи селекторот.

Македонија загуби од Аргентина, Јапонија и од Данска во групната фаза, а ги победи Нигерија и Бахреин. Во осминафиналето беше поразена од Португалија во тесен меч, а ја победи Аргентина во дуелот за пласман.