„Борис Трајковски“ полупразен, сите ли отидоа на Звезда - Барса? (ФОТО)

Македонската ракометна репрезентација вечерва го игра првиот меч од квалификациите за Европското првенство (ЕП), но трибините на спортскиот центар „Борис Трајковски“ се полупразни на дуелот против Естонија.

Селекторот на Македонија, Кире Лазаров состави одличен тим и игра атрактивен ракомет, меѓутоа тоа не беше доволно за навивачите да ги наполнат трибините и да го следат најдобриот состав на репрезентацијата по нашата генерација од Европското првенство (ЕП) во Србија од 2012 година кога го освои петтото место.

Очигледно една од причините поради слабиот одзив на навивачи е тоа што вечерва игра Црвена Звезда против Барселона во Белград, а на социјалните мрежи можеа да се забележат голем број фотографии и статуси од македонските фанови кои се во главниот град на Србија.