Бомбач со девет гола ја предводеше Словенија до триумф против Исланд

Словенечката ракометна репрезентација во втората фаза од ракометното Европско првенство го совлада Исланд со 30-27.

Словенците одлично го почнаа мечот, па со серија од 5-0 стигнаа до водство 7-2, но како минуваа минутите така се топеше нивната предност, па Исланд поведе со 14-13. Сепак, Словенија на пауза замина со 15-14.

Словенија играше сигурно и во второто полувреме, па на средината на вториотдел имаше водство од 26-20, по што Исланд успеа да ја намали негативата на 27-30.

Деан Бомбач ја предводеше Словенија до победа со девет голови.