Белорусија ја запре Шведска, Норвешка едвај до триумф против Португалија

Шведска одигра 26-26 против Белорусија и двете селекции си поделија по еден бод, додека Норвешка успеа да слави против Португалија со 29-28.

Белорусија го отвори одлично мечот и набрзо создаде предност од шест голови (9-3), а водството го одржуваа до самиот финиш на полувремето, кога Шведска даде два гола во серија за 11-15 пред паузата.

Во вториот дел Швеѓаните заиграа многу подобро и израмнија на 19-19, а веднаш потоа направија и целосен пресврт 22-21, но нивната можност за триумф ја урна Белорусија во последните моменти (26-26).

Шведска е прва со пет бодови, по што следат Египет и Словенија со по четири бодови, Русија има три, Белорусија два бода, а ние сме без бодови.

Норвешка славеше во мечот против Португалија, откако првото полувреме го доби со 16-14, по што се водеше голема борба во вториот дел, но Норвежаните ја задржаа предноста (29-28).