
Вардар го губи Куни Моралес - Кубанецот оди во Загреб!
Моралес има договор со поранешниот европски првак до крајот на оваа сезона, а во хрватскиот шампион се сели како замена за Чаба Лејметер, кој заминува во Балинген.
„Мислам дека така би можеле да ја комплетираме екипата на Загреб за следната сезона“, кажал спортскиот директор Дамир Бичаниќ на прашањето за трансферите на Моралес и на црногорскиот ракометар Миодраг Чорсовиќ.
Во тимот на Загреб веќе играат искусните Тимур Дибиров и Иван Чупиќ, кои во минатото беа дел од екипата на Вардар која ја освои Лигата на шампионите (ЛШ), но и други трофеи.