Уапсен хрватски ракометар од златната генерација, ја тепал жена му, чувал многу оружје...

Поранешниот хрватски репрезентативец Денис Бунтиќ бил уапсен поради семејно насилство, а при интервенција на полицијата била пронајдена и голема количина оружје.

Босанските медиуми пишуваат дека полицијата побарала притвор за осомничениот ракометар, кој беше член на златната генерација на Хрватска и има медали од Летните олимписки игри (ЛОИ), Светските првенства (СП) и Европските првенства (ЕП).

„Осомничениот Д.Б. е приведен поради кривично дело семејно насилство и чување оружје или експлозивни направи без дозвола. Се бара притвор за осомничениот поради опасност од влијание врз сведоци и можност да го повтори делото“, одговориле од полицијата за босански „Бљесак“.

Бунтиќ ја заврши репрезентативната кариера во 2018 година, а во дресот на Хрватска освои два сребрени медали на СП, сребро на ЕП и бронзен медал на Олимписките игри.