Србите спасот за ракометната селекција го гледаат во - „нашиот“ Раул!
Шпанецот, според српските медиуми, бил заинтересиран за оваа функција, но негов најголем проблем е ставот на ПСЖ каде што работи, кој не сака неговиот тренер во исто време да работи и како селектор. Покрај Раул, во опција за преземање на селекцијата на нашиот северен сосед се уште и Талант Дујшебаев и Швеѓанецот Магнус Андерсон, кои исто така не би имале ништо против да влезат во репрезентативните води.
Србија најголемиот успех го оствари на ЕП 2012 чиј домаќин беше, кога дојде до сребрениот медал, додека на последните првенства нема посебен успех, за што потврда е пласманот на 19. позиција на годинешниот континентален собир во Германија.