Словенија конечно го повика вардарецот Сташ Скубе!

Словенија го објави поширокиот список со ракометари за настап на Европското првенство во 2020 година, а на него се најде ракометарот на Вардар, Сташ Скубе, кој долго време не беше повикан во репрезентацијата.

Словенците засега немаат решение за селекторската позиција, откако го отпуштија Веселин Вујовиќ, па најверојатно во следниот период ќе успеат да пронајдат некое тренерско име кое достојно ќе ја води селекцијата.

Словенците се во група заедно со Шведска, Полска и Швајцарија.