Ракометарот кој избега од Пелистер по само 60 дена ќе игра во Австрија

Ракометарот кој од Пелистер си замина само по само 60 дена откако пристигна летово, Омер Мемедовиќ кариерата ја продолжи во Австрија.

Неколку дена откако битолскиот клуб со кратка порака му се заблагодари на Мемедовиќ, потврден е неговиот трансфер во Австрија во редовите на Линц АГ.

Станува збор за клуб кој е дел од најсилната лига во Австрија и за него ова нема да биде прво искуство оваа земја. Пред да дојде во македонскиот вицешампион тој ги бранеше боите на Хетис.

Мемедовиќ подготовките со Пелистер ги почна кон крајот на јули беше и во Словенија, но не го дочека стартот на првенството и си замина без одигран официјален натпревар за битолскиот клуб.