Помошникот на Лино Червар ќе седне на клупата на Загреб

Златко Сараќевиќ ќе биде нов тренер на хрватскиот шампион Загреб и ќе седне на клупата на местото на Касим Каменица.

Загрепчани не импресионираа под водство на искусниот Каменица со кого тимот освои само два бода во осумте одиграни кола во Лигата на шампионите во рамки на групата А, каде што се натпреварува и Вардар, па смената беше неизбежна.

Негов наследник ќе биде Златко Сарачевиќ, кој моментално е во стручниот штаб на хрватската репрезентација предводена од Лино Червар, а работи и во екипата на Дубровник. Легендарниот хрватски ракометар своевремено играше во дресот на Загреб, а  беше дел од стручниот штаб од 2010 до 2015 година, но само како помошник тренер.