Политиката на прво место: Украина не дозволува Мотор да игра во СЕХА

Затегнатите политички односи помеѓу Украина и Русија се причина што Мотор Запорожја најверојатно ќе се повлече од играње во деветата сезона од СЕХА-лигата. 

Реагионалното ракометно натпреварување е спонзорирано од руската компанија „Газпром“, па токму поради тоа челниците на Украинската ракометна федерација забрануваат учество на Мотор во СЕХА.

Тие не сакаат на својата територија да се рекламира рускиот гигант, бидејќи тоа е спротивно на законите во Украина.

„Украинската федерација не го подржува овој проект. Ние јасно им ги кажавме нашите позиции на челниците на Мотор. Било какво рекламирање на 'Газпром' не смее да биде презентирано во Украина, бидејќи нашите закони се јасни, а оваа компанија е на црната листа во Украина. Ние како федерација ги почитуваме законите во државата и го имаме статусот на национална федерација. Не смееме да не ги почитуваме законите донесени од нашите државници. Затоа ние не смееме да дозволиме да се појават реклами на 'Газпром“ на нашата територија и сме против ниво рекламирање тука. Мотор не разговараше со федерацијата пред да влезе во овој проект и не доби дозвола од нас“, се вели во соопштението на федерацијата. 

Мотор го потпиша договорот со СЕХА на почетокот од овој месец, но очигледно ќе мора да се повлече. Сега останува да видиме кој тим ќе го пополни местото на украинскиот тим, кој е редовен учесник во Лигата на шампионите.