Петковски ќе ја брани мрежата на чешкиот шампион

Македонскиот ракометен голман, Андреј Петковски, кариерата ќе ја продолжи во чешкиот шампион Талент Плзен со кого и официјално потпиша договор.

По успешната сезона во полскиот Пулави, македонскиот голман го привлече вниманието на посериозни клубови и се избори за трансфер.

Талент Плзен го потврди ангажманот на Андреј Петковски и клубот најави високи амбиции за следната сезона.

Петковски пред да замине во странство во Македонија настапуваше за Вардар, Вардар Јуниор, Голден Арт и Пролет 62.