Пелистер се повлече од финалето, па се врати и на крајот загуби од Мешков Брест
Натпреварот беше агресивен и тензичен, немаше ништо налик на името на турнирот „Куп на пријателство“, напротив мечот не изгледаше воопшто на таков.
Беше изедначено, а најконтроверзниот момент се случи во финишот од натпреварот. При резултат од 32-31 за Мешков Брест, белорускиот тим беше во напад, еден од нивните играчи направи пробивање, друг го удри Радивојевиќ по лицето, но судиите не свирнаа топка за македонскиот тим.
Бранислав Ангеловски веднаш повика тајм-аут и го повлече тимот од теренот. Следуваше подолг прекин исполнет со разговори на двете страни, се разговараше и со делегатот. По сите убедувања, Пелистер го доигра мечот, но тоа го направи анемично и го загуби финалето со 35-31.