Охрид без мака ги совлада младите ракометари на Египет

Ракометарите на Охрид триумфираа со 31-27 против селекцијата до 20 години на Египет на стартот на турнирот „Крсте Андоновски“.

„Гладијаторите“ ја контролираа играта, но не беа премногу ефикасни во нападот и пропуштија повеќе шанси, па на полувремето заминаа со водство од 15-12.

Тренерот Борис Ројевиќ реши да им даде шанса на повеќе ракометари во вториот дел, но и покрај тоа Охрид ја задржа предноста за на крајот да слави со 31-27.

Фото: ГРК Охрид/Facebook