Работнички се засили со искусен крилен центар од Србија
Брунчевиќ во кариерата има настапувано во повеќе екипи од различни земји како Србија, Словенија, Русија, Франција и Романија.
Српскиот кошаркар има впечатливи настапи во сезоната 2024/25 во Шентјур, каде што во просек постигнуваше по 15 поени, шест скокови и 1,8 асистенции по натпревар.
„Со ангажманот на Брунчевиќ, тимот предводен од Владимир Мирковски добива искусен и проверен играч под обрачите, кој треба да биде значаен дел од ротацијата на Работнички“, соопштија од екипата.
Фото: КК Работнички/Facebook