Одлично деби за битолчани: Еурофарм Работник стартуваше со победа во СЕХА лигата

Ракометарите на Еурофарм Работник ја забележаа првата победа во дебитантското учество во регионалната СЕХА Гаспром лига, откако на домашен терен во Битола славеа над Спартак од Москва со 34-29. 

По лошиот почеток за битолчани, во кој на три пати губеа со пет поени, успеаја со серија од 5-0 да израмнат на 10-10, а потоа го запишаа првото и водство (12-11). Во наредните неколку минути домаќинот ја удвои предноста и на пауза замина со 15-12.

Во вториот дел битолчани имаа далку подобро издание, па уште на стартот покажаа дека бодовите ќе останат во Битола и со одлична игра во двата правци полека, но сигурно ја зголемувваа предноста за во 55 минута таа да изнесува плус 7 (31-27).   

Најефикасев во Еурофарм беше Невен Стјепановиќ со десет погодоци од 14 удари, Марин Вегар забележа пет гола, додека четири заиша Ловро Јотиќ. На спротивната страна анјрасположен за игра беше поранешниот вардарец, Александер Деревен со осум гола.